XX Светски конгрес за безбедност и здравје при работа 2014

Македонското здружение за заштита при работа ќе учествува на 20-тиот Светски конгрес за безбедност и здравје при работа кој ќе се одржи во Франкфурт од 24-27 август, 2014 година.

 
Национален организатор на Светскиот конгрес 2014 е Германското здружение за социјално осигурување. Конгресот е организиран заедно со Меѓународната организација на трудот (ILO) и Интернационалното здружение за социјална заштита (ISSA).
  

Безбедноста и здравјето при работа стана сериозна задача во нашиот глобализиран свет. Луѓе од сите континенти страдаат и работат во опасни и нездрави работни околини. Секоја година, повеќе од 2 милиони луѓе загинуваат на своето работно место. Само со одржливи решенија ќе успееме да ги спречиме несреќите при работа, како и болестите и опасностите по здравјето поврзани со работното место.